Ракометарките во нова пресметка со „фуријата“ во евро-квалификациите!

156

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (18 часот) го игра реванш мечот против Шпанија во рамките на 4. квалификациско коло во пласман на ЕП 2024 година.

Предводникот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски и неговите избраничките ќе се обидат да го поправат впечатокот по убедливиот пораз во Скопје од 31-19.

Нема да биде лесно, бидејќи на оваа средба во составот ќе ги немаме искусните имиња како Елена Ѓоргиевска и Јована Саздовска, а во Скопје остана и Слободанка Кицеска.

Македонија е на чекор до пласман на ЕП 2024 година, се наоѓа на второто место на табелата со четири бода, два помалку од Шпанија и два повеќе од Азербејџан. Има две победи и пораз, па својата потврда на билетот за место на ЕУРО ќе бара на последните квалификациски натпревари, против Азербејџан на гости и Литванија на домашен терен, противници кои нашите ракометарки ги совладаа на првите средби.

ПретходноПМФЛ: Работнички на Арената ја дочекува Брегалница, Гостивар против забревтаната Брера, Тиквеш гостува кај лидерот…
СледноАнчелоти: Што да кажам, ова е невидено!