Интересен трансфер на Самуел Наков Фунтес, Шпанец со македонски корени кој има 20 години и игра во средниот ред. Инаку дете на Виљареал каде ја минува школата на Виљареал, а досега бил член и на екипите на Рода (Холандија) и АО Каниотис (Грција).
Имено Наков Фуентес деновиве во рамките на зимскиот преоден рок потпишал за Дунав Русе, клуб во Втората лига на Бугарија.
Инаку Наков Фуентес досега нема играно за некоја од нашите младински селекции.
Барем засега…
Раководството на Дунав Русе го промовира својот нов член, му посака добредојде и секако добри игри во својот тим.










