Попладнево се одиграа сите шест средби од 21.коло во ПМФЛ. Дербито се играше под Шара, а таму Шкендија со 3:0 успеа убедливо да го порази Вардар, својот лут ривал. Чинари со двата гола во првото полувреме донесе еуфорија кај домашните фанови, Дита во продолжение од средбата стрелаше за 3:0, на асистенција на Чинари. Вардар на 0:0 имаше две шанси, Тотре на другата страна не реализра пенал, и Шкендија заслужено и убедливо победи. Во последните минути Брдаровски доби црвен картон и мораше предвреме да го напушти теренот.
Работнички со головите на Гандо и Рашид, убедливо славеше со 2:0 против Брегалница.
Со истиот резултат Гостивар ја победи Брера и тоа со головите на Потук и Такахара.
Во Ѓорче екипата на Воска со 1:2 славеше против Македонија ЃП и освои големи три бода во битката за титулата.
Голем бод за Тиквеш на Чаир, имено момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов одиграа 0:0 кај лидерот. Секоја чест, ретко кој може да се пофали дека останал непоразен на Чаир.
Без голови одигра и Струга ТЛ во Кратово, бод за шампионот што и не е така лошо ако се знае дека и Шкупи не победи.
Веќе во среда на програмата е 22.коло, последно од вториот круг во тековната сезона.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 21.КОЛО
ГОСТИВАР – БРЕРА 2:0
(Потук 67., Такахара 81.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА 1:2
(Фазли 28.,/Стијеповиќ 45., Марушиќ 67.)
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 2:0
(Гандо 45., Рашид 81./)
ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 3:0
(Чинари 35., 39., Дита 54./)
ШКУПИ – ТИКВЕШ 0:0
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ 0:0















