Нема двојна радост во Аеродром: Куп пехарот во рацете на Баскет Кам!

157

Баскет Кам ја оправда фаворитската улога против МЗТ Скопје во финалето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски Буштур“. Избраничките на Жаклина Стојановска славеа против МЗТ Скопје со 67-39 и се закитија со третиот пехар во ова натпреварување.

Ивана Кметовска со 23 поени и 15 скока беше прв стрелец, зад неа беше Димова со 19 поени и 9 скока. На другата страна Томас имаше 16 поени.

Баскет Кам името на победникот го реши после само 20 минути игра по кои имаше водство од 45-20. МЗТ Скопје беше бледо издание денеска, беше под просекот, па победата во редовите на Баскет Кам оди сосема заслужено.

Во продолжение, избраничките на Стојановска ја имаа полесната задача, рутински го приведоа натпреварот во своја корист.

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноСедлоски: Горд сум на овие млади момци, Работнички заслужено победи!
СледноМВП признанието за Ивана Кметовска