Чудесна Болоња: Тимот на Тиаго Мота има шест од шест, триумф и над Аталанта! (ВИДЕО)

171

Оваа Болоња ама воопшто не се шегува. Попладнево во Бергамо момците на стратегот Тиаго Мота славеа како гости со 1:2 и со тоа сега имаат шест од шест, шест победи на последните шест меча во Серија А и сега дефинитивно се зацврстија на 4.место на табелата кое носи во Лигата на Шампионите.

Ова не и се случило во последните 57 години.

Аталанта поведе со голот на Лукман во 28.минута, за да потоа за само четири минути од 57. до 61.минута Зиркзе и Фергусон стрелаа за конечни 1:2, за победа на Болоња.

ПретходноМакедонските ракометарки го поправија впечатокот, но повторно загубија од Шпанија!
СледноГРК Охрид му го нанесе првиот пораз на Алкалоид!