По освојување на Купот, Стојановска најави: Лесно ќе ја освоиме и шампионската титула

243

Трофејот од државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ му припадна на Баскет Кам 2011. Клубот од Македонска Каменица го совлада својот противник, екипата на МЗТ Скопје Аеродром во финалето со 67-39, а со кормилото управуваше искусниот тренер Жаклина Стојановска.

Поранешната македонска репрезентативка имаше право на задоволство, бидејќи нејзините кошаркарки одиграа на високо ниво.

„Секако дека сум среќна за освојувањето на овој пехар, како втор наш во оваа сезона. Пак ќе кажам – денеска ќе се радуваме, од утре веќе почнуваме со тренинзи. Пред се, нас главна цел ни е освојујвање на шампионската титула. Девојките изиграа одличен натпревар. Сите што добија минутажа одговорија коректно на нивните задачи. Не очекував дека за еден Куп натпревар ќе ни оди така лесно, со толкава разлика, но тоа е тоа. Кога работите движат во наша цел јас сум задоволна. Среќна сум што девојките, овој натпревар го изиграа на едно навистина високо ниво.  Моментално сите екипи ги склопија своите ростери, нема веќе право на засилувања. Јас сметам дека сепак нашиот ростер е затворен на сите позиции со домашни играчи и мислам дека лесно ќе ја освоиме шампионската титула“, заклучи Стојановска.

ПретходноТен Хаг по поразот: Можевме да победиме, нијанси решаваа!
СледноМбапе – предавникот!