Денеска фудбалскиот клуб Вардар прославува 74 години од своето постоење. Гордоста на македонскиот фудбал на 74 годишнината ги доживува најтешките мигови од своето постоење, со многу неизвесност, и обид да се врати во прволигашката конкуренција, и да го врати сјајот кој му доликува на најтрофеен македонски клуб.
Сега со нови сопственици ќе се обиде да направи „кам-бек“ во елитата, иако тоа ќе биде исклучителна тешка, но не и невозможна мисијас.
Низ годините Вардар ќе остане запаметен по онаа спорна титула во поранешна Југославија, потоа во трофеите кои ги нижеше во самостојна Македонија, па се памети оној настап пред четири години во групната фаза од Лигата на Европа, но лани Вардар не успеа да обезбеди нов прволигашки статус, па сега ќе игра во понизок ранг.
Но сето тоа ќе се заборави ако има експресно враќање во Првата лига идната сезона.