Бањаја потпиша нов договор со Дукати

64

Двократниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, Италијанецот Франческо Бањаја, потпиша нов договор со фабричкиот тим на Дукати.

Според новиот договор, Бањаја ќе остане во Дукати до крајот на 2026 година, објави италијанскиот тим на својата официјална веб-страница.

Во 2022 година Италијанецот му ја донесе на Дукати првата титула по 15 години, додека следната сезона успеа да ја одбрани.

„Досега се беше убаво, но ние сме тука да го направиме извонредно, заедно, повторно и повторно“, објави Бањаја на социјалните мрежи.

ПретходноПике: Лапорта да каже каква е состојбата во Барса, а не да продава магла
СледноДерби натпреварите во хрватското првенство ќе ги судат странски судии!