Ѓоковиќ е фудбалски волшебник: Постигна гол со пета, па го прослави во свој стил (ВИДЕО)

277

Новак Ѓоковиќ го чека првиот меч на Индијан Велс, а до моментот кога ќе стапне на теренот времето го поминува со тренинзи и слободни активности. Ова вклучува фудбал со колеги и пријатели. Видео споделено на социјалните мрежи покажува дел од таа забава.

На него е прикажан Ѓоковиќ без тениски рекет, но со фудбалска топка пред него. Видеото започнува со прифаќање на топката и завршува со прослава на голот што го постигна со пета.

За многумина, најдобриот тенисер на сите времиња по шести пат ќе се обиде да го освои Индијан Велс и на тој начин самостојно да го преземе рекордот што сега го дели со Роџер Федерер.

ПретходноШола на удар: Играч најави бојкот додека тој е селектор на Црна Гора
СледноКуп на Македонија: Бранителот на пехарот Вардар доби лесна задача во групната фаза!