Енис Барди на листата на желби на Милан

580

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди е на мета на Милан. Италијанскиот гигант покажал интерес за Барди пишуваат тамошните медиуми. Тој со Леванте има договор до 2022 година, но нема да биде ништо чудно ако двата тима се договорат и токму во новата сезона Барди да заигра во Серија А.

Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, во нашиот репрезентативец гледа замена за Хакан Чалханоглу, кој летово реши да премине во градскиот ривал Интер.

 

Претходно74 години Вардар – фудбалската гордост ги доживува најтешките моменти
СледноЈувентус се пофали со гостинските дресови (ВИДЕО)