Чави не верува во Роке: Левандовски останува прв избор во нападот

295

Витор Роке беше најавуван како големо засилување на Барселона оваа зима, но Бразилецот не игра ни приближно колку што се очекуваше. На седум натпревари во Ла Лига, младиот фудбалер одигра само 164 минути, но сепак, веќе постигна два гола.

„Тој е конкуренција со Левандовски и другите напаѓачи. Не е лесно, но имаше минути и можности. Тој е уште еден напаѓач кој се бори за место во тимот и ако треба да игра, ќе игра“, изјави Чави за новинарите.

Според шпанските новинари, Роке дефинитивно не е прв избор на Чави и до крајот на оваа сезона тешко дека ќе успее да се избори за стартно место во составот.

ПретходноНаполи ќе гради нов стадион чие отворање ќе биде во 2027 година
СледноОдбиена е жалбата, Гомез останува под суспензија