Драган Силјаноски е нов директор на младата репрезентација до 21 година

1332

Некогашниот репрезентативец на Македонија, Драган Силјаноски, од денеска е нов директор на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година. На вчерашната седница на Упрваниот одбор на ФФМ е донесена одлука за негово поставување на директрското место, на кое последен пат седеше уште една наша фудбалска легенца, Саша Ќириќ.

Силјаноски во својата долгогодишна кариера настапуваше за повеќе македонски фудбалски клубови, а интернационалната кариера ја заврши во Белгија во екипата на Антверпен, каде и остана да работи по завршувањето на играчката кариера. По долгогодишната фудбалска работа во Белгија, Силјаноски сега ќе биде директор на младата селекција која веќе на 21 март ја очекува нов квалификациски меч во циклусот за ЕП против селекцијата на Гибралтар.

ПретходноМилевски следната недела ќе го соопшти списокот за Молдавија и Црна Гора
СледноПех за Минесота: Таунс оди на операција на коленото