Клоп: Гвардиола е најдобриот менаџер во светот!

155

Во недела се игра мега – дербито во Премиерлигата, кое можеби ќе се решава и за титулата, на “Енфилд“ домашниот Ливерпул го дочекува Манчестер Сити.

И двете екипи во последно време се во топ-форма, и двете екипи се предводени од топ-менаџери, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.

Германецот, кој по крајот на сезоната го напушта Ливерпул, за својот колега Пеп Гвардиола има само пофални зборови:

Пеп е најдобриот менаџер во светот. Токму поради него и јас сум подобар менаџер. И двајцата сакаме да победуваме, и двајцата ја имаме таа среќа што тренираме врвни фудбалери во нашите тимови. Имаме многу да разговараме, но во недела ќе се соочиме еден против друг. Го респектирам Пеп, секако и неговиот тим, но не мислам дека на овој меч, кој можеби за мене ќе биде последен во кариерата против Сити во ПЛ, ќе биде решавачки за титулата“ рече покрај другото Јирген Клоп.

ПретходноТренерот на Славија Прага уверен: Го победуваме Милан на наш терен!
СледноХојлунд е играч на месецот во Премиерлигата! (ФОТО)