Димитар Митровски продолжува со своите добри партии во дресот на својот Вараждин. Вечерва во меч од ХНЛ, македонскиот репрезентативец успеа да го постигне својот четврти гол сезонава и тоа против составот на Истра. Митровски срелаше во 16.минута за водство од 1:0 за Вараждин.
Потоа доби и жолт картон, а во 63.минута на резултат 2:1 беше повлечен од игра.