Така е кога последниот напад при -2 поени и цели 5 секунди, Ледеј го води нападот и го упропасти. Партизан со пораз во Милано и тоа со 85:83, се чини дека пресудно беше одличниот настап на Нејпир, а и Миротиќ одигра добро во одреден момент на оваа средба во Евролигата. Сепак Нејпир со своите “тројки“ и даде печат на оваа победа.
Се чини дека момците на Жељко Обрадовиќ можат да жалат, на овој меч тие и тоа како имаа шанса за победа, но ете не знаеја да ја искористат.
Вечерва се одиграа уште два меча во Евролигата.
Панатинаикос убедливо го доби Лион – Вилербан со 85:67, додека Басконија како домаќин беше подобра од Алба со 88:71.