Штутгарт си гази, сега е на -1 од Баерн Минхен! (ВИДЕО)

224

Фудбалерите на Штутгарт и вечерва покажаа дека играат одличен фудбал. Во меч од 25.коло во Бундеслигата тие славеа со 2:0 против составот на Унион Берлин, па така ја забележаа четвртата победа на последните пет меча и сега се на само -1 бод од вториот Баерн Минхен, но и меч повеќе.

Тимот на Ненад Бјелица немаше никаква шанса против разиграните домаќини.

Па така “швабите“ со головите на Гирасу во 19.минута и на Фухрих во 65.минута освоија нови три бода.

ПретходноМагија на Јамал, победа на Барса! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Струга ТЛ, Шкупи или Шкендија, кој до пехарот? Распоред кој со кого во третиот круг!