Чави: Оптимист сум и покрај тешката ситуација!

95

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез ја прокоментира победата на неговиот тим од 1:0 против тимот на Мајорка во средбата од 28. коло на шпанската Ла Лига. Тренерот е оптимист за иднината на своите играчи.

„Создадовме доволно шанси за голема победа. Успехот ќе ни овозможи да останеме на фронтот. Беше многу тешко да се нападне Мајорка. Оптимист сум и покрај тешката ситуација во која се наоѓаме. Оваа победа е поважна отколку што изгледа бидејќи ни дава самодоверба пред Лигата на шампионите. Одигравме солиден натпревар против тежок противник“, изјави Чави.

Чави го коментираше и солидниот настап на младите Пау Кубарси (17 години) и Ламин Јамал (16 години), кои го постигнаа победничкиот гол пред крајот.

„Тоа се двајца играчи кои се истакнуваат затоа што многу придонесуваат. Кубарси не загуби ниту една битка. Тоа е импресивно за 17-годишник. Ламин ја немаше својата најдобра партија, но сепак имаше клучна улога. Станува збор за двајца играчи кои ќе станат дел од една ера во овој клуб“, додаде Чави.

ПретходноТФТ доби парична казна за јавно коментирање на судите!
СледноЕкс НБА играч за Дончиќ: На соиграчите сигурно им е тешко постојано да гледаат истото ср*ње