Саинц успешно опериран во С. Арабија

525

Пилотот на Ферари, Карлос Саинц, денеска бил успешно опериран во Ријад, откако му беше дијагностицирано воспаление на слепото црево. Вчера медиумите објавија дека тој се чувствувал лошо неколку дена и имал температура, па по лекарските прегледи е утврдено дека му е потребна итна хируршка интервенција.

Истата денеска е направена во во болница во Саудиска Арабија. По операцијата, од болница самиот Шпанец испрати порака до фановите и колегите.

„Се помина без никакви проблеми, а јас се чувствувам многу подобро. Ви благодарам на сите за вашите љубезни пораки, и на сите оние кои се грижеа за мене овие денови во Саудиска Арабија, особено во болницата. Со среќа утре“, напиша Саинц.

ПретходноТиквеш не успеа да го изненади шампионот: Е. Пелистер победи во Кавадарци
СледноКрафт со 11-та победа сезонава