Ванѓел Згуро – Струга ТЛ: Да покажеме дека сме подобри од Брера и да ги освоиме трите бода!

118

Во меч од 23.коло во ПМФЛ или прво во “третиот круг“, денеска на Грдскиот стадион во Струга, шампионот ја дочекува Брера. Тим кој што оваа пролет игра добро и од можни 12 бода, освои седум и колку толку избега од дното на табелата.

Струга ТЛ во пресрет на ова коло е лидер, има бод предност пред Шкупи и два пред Шкендија.

Јасно им е на сите во таборот на шампионот дека само со победа денеска, меч кој почнува во 14 часот, ќе останат и натаму на првото место на табелата.

Ванѓел Згуро, офанзивниот бек на шампионот во пресрет на денешниот меч изјави:

“Едвај чекаме да почне мечот. Сакаме да покажеме дека сме подобри од Брера и да ги освоиме трите бода. Јас се надевам дека не само по денешното коло ќе останеме на првото место туку и првенството ќе го завршиме на тоа место и со тоа да освоиме и нова титула. Брера е добар тим, единствен против кого немаме победа оваа сезона. Токму тоа ни дава уште поголем мотив за добра игра и за победа“ заврши интернационалецот од Албанија.

ПретходноПелистер излезе со специјални маички: Ненад со тебе сме!
СледноИзлезе лажна информација дека Дани Алвес се самоубил