ПМФЛ: Вардар повторно со бод во Гостивар и хаос по мечот, голеада на Чаир, Шкендија киксираше, Тиквеш го доби “Дербито на Истокот“… (ВИДЕО)

3042

Попладнево се одиграа сите шест средби од 23.коло или прво во третиот круг.

Вардар повторно со бод во Гостивар и со 0:0. Одличен меч, многу шанси, голем бод за Вардар. Голманот Велковски е херојот на гостите, бранеше зицери на Кехинде и Такахара, слободен удар на Потук, а на другата страна Ристовски не успеа да релизира зицер, тоа беше шанса на мечот во 88. минута со што ќе го казнеше домашниот тим за силните промашувања.

По натпреварот имаше и тензии, гостиварци беа нервозни, сепак се добро се заврши. Иако сцените беа хаотични. Кехинде доби црвен картон, прво ги нападна гостинските играчи а потоа и судијата Качевски.

 

Голем кикс на Шкендија која не успеа дома да ја победи Воска, резултатот беше 0:0. На голот на гостите беше Костадин Захов, довчершниот голман на Шкендија.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Струга со 3:1 ја декласира Брера и остана на чело на табелата. Ибраими, автогол на Руфати и Радески беа стрелците за шампионот.

Голеада на Чаир. Шкупи имаше 2:2, па Работнички израмни на 2:2 а потоа Руватубјае со вториот свој гол во 84.минута му донесе голема победа на својот тим.

Конечно победа за Силекс и тренерот Александар Васоски и тоа со голот на Анѓелески во првиот дел за конечни 1:0.

Тиквеш со 2:1 го доби “Дербито на Истокот“ и тоа со пресврт. Брегалница водеше со 0:1, но следуваа головите на Робертино и Малески за победа и еуфорија на кавадарчани.

РЕЗУЛТАТИ И СТРЕЛЦИ ЗА 23.КОЛО

ГОСТИВАР – ВАРДАР 0:0

ШКЕНДИЈА – ВОСКА 0:0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:2

(Руватубјае 21., 84, Гронер 29./Адем 34., Гандо 70.)

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0

(Анѓелески 17./)

СТРУГА ТЛ – БРЕРА 3:1

(Ибраими (п) 33., Руфати (авт) 38., Радески 60./Ивковиќ 85.)

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2:1

(Робертино 29., Малески 70. /Соломон 7.)

ГОЛОВИ… ГОЛОВИ… ГОЛОВИ…

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3:2

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0

 

СТРУГА ТЛ – БРЕРА 3:1

 

ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2:1

 

ПретходноТухел си оди, а управата на Баерн (М) се уште не преговара за негова замена
СледноТотенхем ја прегази Астон Вила за едно полувреме (ВИДЕО)