Немили сцени по мечот во Гостивар, кој заврши со резултат 0:0. Имено Нигериецот Ланре Кехинде , кој имаше три зицери и не погоди ниту еднаш, Методија Велковски беше фантастичен на голот на Вардар, по мечот по се изгледа не можеше да го прифати тоа реми и буквално направи хаос.
Прво ги нападна играчите на Вардар, пред се на Кристијан Николовски, потоа и судиите на чело со Јован Качевски. Покрај него во инцидентите се впуштија и другите играчи, а за тоа Кехинде си доби црвен картон.
Заслужено.
Инаку хаосот продолжи кога гостите влегуваа кон соблекувалните, а домашните фанови фрлаа со нив со предмети.
Додека судиите под силно полициско обезбедување беа внесени во нивните простории.
Секако дека за ова треба да реагираат надлежните во ФФМ, се очекува казна за домашниот клуб.