Нема играчки со шампионот. На своја кожа тоа денеска го почуствува Брера Струмица која просто беше декласирана со 3:1, ако не беше малото опуштање на момците на стратегот Шпетим Дуро по тие 3:0, секако победата ќе беше уште поуверлива.
Бесарт Ибраими со “паненка“ од белата точка за 193 негов гол во ПМФЛ, потоа автолот на Руфати и Марјан Радески за 3:0. Тоа беше тоа, Ибраими и Радески блескаа иако сите во таборот на шампионот покажаа класа. Голот за гостите беше дело на Ивковиќ.
Со оваа победа Струга ТЛ и натаму е прва на табелата, со бод предност пред Шкупи и со 4 пред Шкендија.
Впрочем еве како изгледа табелата по ова денешно 23.коло
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 48, Шкупи 47, Шкендија 44, Тиквеш 32, Силекс 32, Гостивар 31, Брера 27, Работнички 27, Воска 26, Вардар 25, Брегалница 21, Македонија ЃП 18.