Сме виделе многу бизарни сцени, моменти и работи во фудбалот, но ова што ни доаѓа од Узбекистан навистина досега не сме го виделе. Па затоа се право се прашуваме дали е ова најбизарната сцена во историјата на фудбалот?
На мечот меѓу Бунјодкор и Андијана, во еден момент гостинскиот фудбалер Исмоналиев,малку во шега, го удира со нога домашниот играч Тоиров.
Ова го гледа судијата и му дава црвен картон, додека друг домашен фудбалер го “советува“ Тоиров да легне и да се преправа дека е удрен силно, овој тоа го прави, а добива од својот соиграч и клоца. За секој случај.
Meanwhile in Uzbekistanpic.twitter.com/rUV0UnpZZy
— Troll Football (@TrollFootball) March 10, 2024