Роналдо и Ал Наср во драматичен реванш елиминирани од ЛШ, тензично по мечот

966

Вечерва во рамките на четвртфиналето на азиската ЛШ играа Ал Наср од Саудиска Арабија и Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати. Гостите се пласираа во полуфиналето по подобро изведување на пеналите.
На првиот меч Ал Аин славеше со 1:0, на реваншот во Ријад, домашниот Ал Наср победи со 3:2 поради што се отиде во продолженија.
Мечот изобилуваше со голови, но и уште многу шанси. Кристијано Роналдо играше за домашната екипа и имаше неверојатно промашување во 61 минута.

Инаку мечот имаше интересен тек. Гостите по 45 минути водеа со 0:2, а во финишот на првото полувреме Гареб намали на 1:2. Во второто полувреме Ал Наср направи пресврт и славеше со 3:2 во регуларниот дел.
Се прејде кон продолженија, а таму Ал Аин повторно дојде во предност во 103 минута. Сепак, во 116 минута Роналдо од пенал погоди и го одведе мечот на пенали.

А таму за Ал Наср гол даде само Роналдо, а промашија Брозовиќ, Тељес и Отавио. Гостите ги погодија трите пенали. По мечот имаше кошкање меѓу фудбалерите на двете екипи, пцости меѓу членовите на стручните штабови за среќа се заврши без поголеми инциденти.

Во полуфиналето Ал Аин ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Ал Хилал и Ал Итихад, двете екипи од Саудиска Арабија. Првиот меч го доби Ал Хилал со 2:0.

ПретходноСевиља не успеа да го победи „фенерџијата“
СледноШок на Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран од 123. тенисер во светот!