Дефанзивецот на Њукасл Јунајтед, Киран Трипиер призна дека е „ласкаво“ да се дознае за интересот на Баерн за време на јануарскиот преоден рок, но ги негираше тврдењата дека Хари Кејн се обидел да го намами од Сент Џејмс Парк.
33-годишниот фудбалер беше предмет на интензивни гласини во текот на втората половина од зимскиот преоден рок, при што биле одбиени две понуди, вклучително и понуда од 15 милиони евра од баварскиот гигант.
„Беше лудо. Да бидам искрен, бев во Њујорк и ме разбудија во 5 часот наутро по нивното време велејќи: Баерн сака да потпишеш за нив. Си помислив: Ова е малку соминително. Никогаш не мислев дека Баерн ќе ме сака на 33 години, па тоа беше повеќе шок за мене отколку за било кој.
Потоа веднаш му се јавив на менаџерот и да бидам искрен, менаџерот знае колку сум посветен на клубот. Сега сум тука и сопствениците знаат колкава посветеност покажав,никогаш не би ги изневерил клубот и семејството“.
Тој открива дека добил порака од Кејн, но не како што пренесуваат дел од медиумите.
„Кејн не беше напорен, туку само пишуваше „Дали е вистина? “, заврши Трипие.