Лацио се раздели со Сари, познат е неговиот наследник

255

И официјално Маурицио Сари веќе не е тренер на Лацио, ова го потврди клубот. На местото на искусниот стручњак ќе биде неговиот помошник Џовани Мартушиело.

Засега не е познато дали Мартушиело ќе биде само привремено решение или пак тимот ќе го води до крајот на сезоната. Прв дуел ќе биде против Фросинене во сабота.

Сари на клупата на Лацио дојде во 2021 година, минатата сезона заврши на второто место на табелата, додека оваа сезона е деветти. Лацио испадна од Лигата на шампиони.

ПретходноПартизан продаде играч во НБА-лига, парите ќе ги дели со Реал
СледноЕдна деценија без великанот Петар Милошевски!