Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа стартуваше во првото коло на турнир Аламинос, Ларнака Кипар.
Ѓорческа беше убедливо подобра против домашна тенисерка Марија Сиопача 2-0. Нашата тенисерка загуби само два гејма, 6-1 и 6-1. Во следното коло таа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката, Паолети и Французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.
Овој турнир е со награден фонд од 25.000 долари, а Лина подоцна со Лола Радивојевиќ игра и во двојки 1.коло.