ЛШ: Ќе “гори“ во Мадрид и Дортмунд, вечерва ќе ги добиеме и последните патници во четвртфиналето!

166

Вечерва и дефинитовно ќе ги добиеме последните патници во четвртфиналето во тековната сезона во Лига на Шампионите. Ќе “гори“ во Мадрид и Дортмунд, каде се среќаваат во рамките на реваншите од 1/8 финалето Атлетико Мадрид – Интер и Дортмунд – ПСВ.

Во Мадрид на “Ванда Метрополитано“ Диего Симено со своите “јорганџии“ ќе се обиде да победи непобедливиот Интер оваа година, и да се пласира во следната фаза. Да не заборавиме дека гигантот од Милано има предност од првиот меч од 0:1.

Во Дортмунд на “Сигнал Идуна Парк“, домашните “милионери“ со било каква победа над ПСВ ќе одат натаму, ако се знае дека на првиот меч во Холандија резултатот беше 1:1.

Инаку во 1/4 финалето во ЛШ веќе се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал, ПСЖ и Барселона.Image

Ждрепката за 1/4 и 1/2 финалето во ЛШ ќе се одржи во петок точно на пладне во Нион.

ВЕЧЕРВА – РЕВАНШИ ВО 1/8 ФИНАЛЕТО (21:00 Ч)

АТЛЕТИКО МАДРИД – ИНТЕР (0:1)

ДОРТМУНД – ПСВ (1:1)

*Во загради се резултатите од првите мечеви

Претходно„Во пет часот наутро ме разбудија велејќи дека Баерн сака да потпишам за нив“
СледноРистовски би можел парично да биде казнет и суспендиран најмалку на шест натпревари?!