Во последните неколку месеци наголемо се прикажува дека Лука Модриќ по една деценија и повеќе престој на “Сантијаго Бернабеу“, и тоа поради својата возраст, во јуни ќе мора да си оди Реал Мадрид.
Токму затоа се бројните понуди до Хрватот од сите страни на светот, а се шпекулираше дури и со враќање во Динамо Загреб.
Сепак најновите вести од Мадрид, поточно од “Марка“, велат дека во наредните денови и официјално “десетката“ на Реал ќе добие официјална понуда од “кралевите“ и тоа во траење од една година.
Секако дека таа понуда ќе биде со изразена со намалена плата, како и со најава дека Модриќ ќе мора да се задоволи да биде резерва.
По ова сега се очекува одлуката на Хрватот.