Пишува: Зоран Ѓоршоски
Да. Навистина на што ли личи оваа Шкендија. Првакот на Македонија. Три меча во Европа, осум примени голови и ниту еден, да, ниту еден постигнат.
Ајде да играше Шкендија со некои силни екипи, барем од втор ранг, а вака…
Зарем против Мура и Рига оваа Шкендија не може да даде гол?
Мизерија. Нема друго објаснување.
И одново, и вечерва се играше без посебна тактика, да не кажеме како “муви без глави“ што се вели народско.
Да, вистина е дека тетовци имаа шанси во Рига вечерва, имаа и да биде резултатот 2:2, но кога не знаеш да дадеш гол, а примаш како да си во младинска лига, навистина тоа е тоа.
Додека фановите ја бараат онаа Шкендија, додека ние се занимаваме со тоа дека тетовци ова лето ќе заработеле милиони, стварноста навистина е нешто поинаква.
Сосема за крај. По овие три меча и дефинитивно се потврдува тоа што авторот на овој текст го кажал во десетина наврати.
Овој стручен штаб не е за Шкендија….
Точка.