Рагби Клуб Вардар против српскиот првак Партизан во пријателски хуманитарен натпревар

102

Во сабота, 16 март 2024 година, во Скопје, со почеток во 15:00 часот, Рагби Клуб Вардар го организира својот прв официјален натпревар против добропознатиот српски тим, Партизан. Настанот ќе се одржи на теренот “Млади Лавови” во Ѓорче Петров, Скопје, и е издвоен како значаен момент во историјата на клубот и рагби заедницата.
Воедно, овој натпревар е со хуманитарен карактер, каде што ќе се собираат донации за Сандра Дејановска од Радовиш, која е на лекување во Турција. На теренот ќе биде поставена кутија за донации, каде што играчите и посетителите ќе можат да донираат средства.

Натпреварот, не само што е почеток на спортските подвизи на Рагби Клуб Вардар, туку претставува и пример за солидарност и поддршка која е столб на рагби културата.

ПретходноГерманците со шест дебитаннти и двајца ветерани-повратници
Следно(У18): Македонија учесник на „Анталија Куп 2024“