Натпреварот меѓу екипите на Чаир и МЗТ Скопје А. од 20. коло во домашното кошаркарско првенство, по се изгледа, нема да го дочека крајот.
Според информациите кои пристигнуваат од Чаир, на полувремето дел од кошаркарите на шампионот биле нападнати во просторот кај соблекувалните од непознати лица. И покрај инсистирањето на домашните мечот да продолжи, МЗТ Скопје А. нема да се врати на терен.
На полувремето шампионот имаше предност од 44:42.