Кошаркарот на Партизан Зак Ледеј замина дома во Америка, со дозвола на клубот. Тој веднаш по натпреварот во Барселона се упатил кон дома од приватни причини, а неофицијално се дознава дека станува збор за тешка здравствена состојба на близок член на неговото семејство.
„По вечерашниот натпревар против Барселона, крилниот центар на црно-белите, Зак Ледеј, замина за Америка поради семејни причини“, соопштија од клубот во текот на ноќта.
Zek Ledej dobio dozvolu da otputuje za Ameriku!
Nakon večerašnje utakmice protiv Barselone, krilni centar crno-belih, Zek Ledej je iz porodičnih razloga otputovao za Ameriku.
Zek je na put krenuo uz prethodnu dozvolu Kluba da nakon večerašnjeg meča iz Barselone produži ka… pic.twitter.com/yaTV6SzMy2
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) March 14, 2024
Остатокот од тимот се врати во Белград на кратка пауза и подготовка за саботниот натпревар против ФМП во Штарк Арена (21 ч.), а потоа црно-белите имаат „двојна“ евролигашка недела, бидејќи на домашен терен ќе играат против Басконија. Вторник од 20:30 минути, а два дена подоцна во истиот период ќе играат против Реал Мадрид, на истото место.