Има договор: Игор Тудор на клупата на Лацио!

127
ФОТО: Инстаграм

Хрватскиот стратег Игор Тудор ќе биде наследникот на Маурицио Сари на клупата на Лацио. Како што утринава јавуваат медиумите во Италија успешно биле завршени преговорите меѓу хрватскиот стратег и раководството на гигантот од Рим, па така Игор Тудор ќе биде стратегот на Лацио, се очекува само официјална потврда и од страна на римјаните.

Како што се наведува, Хрватот ќе потпише договор со Лацио до јуни 2025 година, со можност, ако двете страни се задоволни од соработката истата да биде продолжена.

ПретходноРакометарите на „мегдан“ со Романија, а со мислите кон Фарски Острови
СледноМакедонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари против Австрија