Араухо категоричен: Не можам да замислам да играм за друг клуб освен Барса

299

По сите пишувања дека на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона, дефанзивецот на Каталонците Роналд Араухо категорично изјави дека не планира да го напушти клубот.

„Не можам да замислам да играм во друг клуб освен Барселона“, изјавил Араухо.

Араухо е во Барселона од 2018. Сезонава одигра 30 натпревари за Каталонците во сите натпреварувања и постигна еден гол. Договорот на играчот со каталонскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година.

Араухо наводно е приоритетна трансфер цел на Баерн Минхен.

ПретходноРеал со триумф во Памплона, а Анчелоти одбележа рекорд во Ла Лига
СледноТешко дерби, а слаб судија – Одлета „пилето“ на Димитар!