По двете едноподруго победи, над Кристал Палас и Астон Вила, екипата на Тотенхем доживеа тежок пораз на гостувањето на „Крејвен котиџ“ во 29 коло на Премиер лигата. „Спарси“ се поразени со 3:0 од Фулам.
Домашните поведоа со гол на Родриго Муниз во 42 минута, а во 49 минута зголеми Лукиќ. Во 61 минута повторно Родриго Муниз ја затресе мрежата на гостите. Фулам постигна уште еден гол преку играчот за врска Жоао Палиња но беше поништен поради офсајд.
Инаку ова е прва победа на Фулам над Тотенхем на „Крејвен котиџ“ во Премиер лигата по ноември 2008 година.