Хрватската ракометна репрезентација се пласираше на Олимписките Игри во Париз. „Коцкестите“ прво го добија дуелот со Германија (33-30) во Хановер, а потоа во нивната група Австрија го победи Алжир со 41-26. Со овој резултат тие сега се сигурни патници во Париз.
Во оваа група Германија и Австрија во директен дуел ќе се борат за втората позиција која исто така носи олимписка виза.
Пласман на ОИ обезбеди и Норвешка, славеше против домаќинот на групата 3, Унгарија со убедливи 29-25 и ја запиша втората победа. На останатите средби, Португалија го совлада Тунис со 37-29 за прва победа. За втората позиција ќе биде одлучено утре меѓу Португалија и Унгарија.