Кари и Томпсон потсетија на најдобрите денови во победата нас Лејкерси (ВИДЕО)

89

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 128:121 во еден од најинтересните дуели синоќа во НББА лигата. Ниту одличната партија на Леброн Џејмс не им помогна на „езерџиите“ да се спасат од пораз.

„Кралот“ мечот го заврши со 40 поени, осум скока и девет асистенции. Добар беше и Дианџело Расел со 23 поени и 13 асистенции, но на другата страна, Стеф Кари постигна 31 поен, Клеј Томпсон додаде 26, а Џонатан Камингс 23. Кари и Томпсон синоќа потсетија на најдобрите играчки денови кога редовно беа на врвот на листата со поентерски учинок во тимот на Вориорс.

Голема грижа за Лејкерси предизвика повредата на Ентони Дејвис. Центарот ја напушти играта на почетокот на натпреварот и потоа не се врати. Се уште не се знае дали и колку Дејвис ќе отсуствува од терените.

Оклахома продолжи со победи откако синоќа славеше и на гости кај Мемфис со 118:112. Вилијамс со 23 поени ги предводеше гостите, додека кај Гризлис, Бејн постигна 22.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Бруклин 121:100

Њу Орлеанс – Портланд 126:107

Филаделфија  – Шарлот 109:98

Чикаго – Вашингтон 127:98

Мемфис – Оклахома 112:118

ЛА Лејкерс  – Голден Стејт 121:128

Јута – Минесота 100:119

Сакраменто – Њујорк 91:98

ПретходноМедведев и Алкараз во реприза на ланското финале на Индијан Велс
СледноДимитар Тодоровски: Работнички против шампионот сака да се врати во позитивен ритам!