Хрватскиот стратег Нико Ковач повеќе не е тренер на германски Волфсбург, потврдија од клубот. Волфсберг загуби со 3:1 на домашен терен од Аугзбург во 26. коло од Бундеслигата и ја продолжи катастрофалната серија од 11 натпревари без победа. Германските новинари со недели го критикуваат хрватскиот стручњак, а сега и клубот реагираше со неговиот отказ.
Директорот на клубот Марсел Шефер го информирал Ковач за отказот синоќа. Со првиот тренер од клубот си заминуваат неговите помошници Роберт Ковач и Арон Бригс.
„По поразот од Аугзбург и анализата на играта и моменталната ситуација, донесовме одлука да ја прекинеме соработката. Жалиме за ваквиот развој на настаните, но веруваме дека ова е вистинскиот потег кој ќе му го даде потребниот поттик на тимот“, изјавил Шефер.