Секако дека сонот на секој фудбалер еден ден е да го облече дресот на Реал Мадрид. Тоа е најголемиот и најгламурозниот клуб во светот и затоа желбата на секој фудбалер е да заигра за “кралевите“.
Сепак то им успева само на многу малку играчи, на тие најдобрите.
А некои пак, како Ајван Тони од Брентфорд сами му се нудат на Реал. И не е шега, оваа изјава контроверзниот репрезентативец на Англија, кој беше осум месеци во “аут“ поради обложувачкиот скандал, тој навистина ја има дадено:
“Што ќе се случи ова лето? Брентфорд ќе ме продаде и ќе заработи многу пари, а јас ќе потпишам за Реал Мадрид и сите ќе бидеме среќни“ истакна Тони кој има договор со клубот од Премиерлигата до јуни 2025.