Ужасна вест за сите во таборот на Струга ТЛ. Бесмир Бојку се здобил со скршеница на десната нога, некаде во пределот над зглобот. Тоа се првичните дијагнози откако фудбалерот на Струга ТЛ по взаемниот старт со Егзон Белица го извлече подебелиот крај и итно беше пренесен во болница.
Ова значи дека Бесмир Бојку кој е клучен играч на шампионот ја заврши сезоната.
Рано е да се даваат прогнози кога тој би се вратил на зелените терени.