Баерн ја потврди загрижувачката информација за Кејн

1823

Баерн Минхен вчера победи со убедливи 5-2 на гостувањето кај Дармштад, но баварскиот гигант се жртвуваше при успехот. Клубот денеска потврди дека Хари Кејн, Александар Павловиќ и Рафаел Гереиро се повредени.

Баварците официјално објавија дека капитенот на Англија заработил повреда на левиот зглоб. Сепак, голгетерот ќе отпатува за Англија, каде ќе добие третман од репрезентативните лекари во тесна консултација со медицинскиот оддел на Баерн.

Сепак, останува под знак прашалник за пријателските на „трите лава“ со Бразил и Белгија.

ПретходноСпортскиот директор на Фиорентина се бори за живот – Одложен мечот во Серија А!
СледноЛудница на “Олд Трафорд“: Со гол во 121.минута за 4:3, Јунајтед го “реши“ Ливерпул за пласман во 1/2 финалето во ФА Купот! (ВИДЕО)