Работнички го доби дербито со Наковски В. и се избори за третото место на табелата

131

Одбојкарките на Работнички славеа со 3:1 во дерби дуелот на 5. коло од Втората фаза на домашниот шампионат. Ова беше одлучувачки меч во битката за третото место на табелата, па Работнички успеа да го реши во своја полза и да се избори за тоа трето место на табелата, што практично значи дека во полуфиналето на плеј-офот ќе гледаме по едно скопско и едно струмичко дерби.

Денеска само првиот сет на дуелот во Струмица донесе неизвесност. Наковски Волеј многу подобро го почна мечот, дојде до предност од 5 поени во самата завршница (22:17), но Работнички се врати за прва сет-топка, не ја искористи, па следуваше казната и освојување на сетот од страна на домашната екипа на разлика 27:25.

Во следните три сета, Работнички ја стабилизираше играта, а домашните немаа шанси. Одличен меч имаа Робинсон и Стојанова во дресот на Работнички, реализирајќи по 16 поени.

Прва лига (жени), Втора фаза-1, 5. коло

Јанта волеј – Струмица                        2:3 (25:22 25:20 24:26 22:25 10:15)

Наковски волеј – Работнички Скопје    1:3 (27:25, 16:25, 16:25, 17:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (51); 2. Јанта Волеј (34); 3. Работнички (35); 4. Наковски В. (32);

Прва лига (жени), Втора фаза-2, 5. коло

Младост УГД – Фит фан волеј                       2:3 (25:22, 25:20, 24:26, 21:25, 11:15)

Вардар ЕМ – Вардар 2019                            3:0 (25:12, 25:19, 25:10)

ТАБЕЛА: 1. Фит Фан Волеј (33); 2. Младост УДГ (24); 3. Вардар ЕМ (13); 4. Вардар 2019 (0).

ПретходноТренерот на Сеул со критики за Лингард: Како игра, нема право да се нарекува фудбалер…
СледноФлорентино „фрли око“ на Гарначо, оди во Манчестер на преговори