„Златната топка“ во Скопје – на гости ни доаѓа Андриј Шевченко

3288

Во текот на утрешниот ден на комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“, почнува елитната рунда од квалификациите за ЕП за репрезентации до 19 години.

Нашиот национален тим има три чекори до голема сензација, а како наши препреки се селекциите на Украина, Летонија и Швајцарија. Токму Украина е наш утрешен прв ривал, а тоа е и причината поради која во Скопје свое доаѓање најавил и големиот Андриј Шевченко.

Златната топка на ФИФА од 2004 година доаѓа во Скопје да ги бодри своите репрезентативци до 19 години од позиција на претседател на Фудбалската Федерација на Украина. Во канцеларијата на ФФМ уште во текот на минатата недела беше најавени доаѓањето во Скопје на легендарниот фудбалер на Динамо Киев, Милан и Челзи. Тој ја предводеше како селектор Украина на дуелот со Македонија на ЕП 2020.

ПретходноПресврт во Барса: Чави ќе остане тренер ако се исполнат три услови?
СледноНавивачите згрозени од стапалата на Роналдо: Неговите прсти викаат за помош