Отказ за Ливерани, Салернитана има четврти нов тренер сезонава

101

Раководството на Салернитана му врачи отказ на тренерот Фабио Ливерани откако тој успеа да освои само еден бод на последните пет натпревари со што тимот од Салерно е на 11 бодови од сигурната зона на девет кола до крајот.

Клубот има мали шанси за остане, а раководството одлучи да проба со нов тренер да ги заврти работите кон подобро. Италијанските медиуми пишуваа дека Пипо Инзаги ќе се врати во клубот за потоа да соопштат дека екс-тренерот барал гаранции дека ќе работи и идната сезона.

На крај клубот објави дека нов тренер е Стефано Колантуоно кој е четврти тренер сезонава по Пауло Соуса, Филипо Инзаги и Ливерани.

За Колантуоно ова е трет пат да ја предводи Салернитана. Првиот пат во сезоната 2017/18 и потоа во 2021/22.
Инаку Салернитана забележа само две победи сезонава и двете под водство на Инзаги. Новиот тренер ќе дебитира на 1 април против Болоња во гости.

ПретходноЛина со пресврт до пласман во 1/8 финалето на вториот турнир во Ларнака!
СледноИ овој август ќе има Ел Класико во САД!