Ужасни вести доаѓаат денеска од Италија. Имено генералниот директор на Фиорентина Џо Бароне починал во болницата во Милано. Имено тој пред неколку дена беше хоспитализиран откако имаше срцев удар, но сепак ја загуби најважната битка.
Голема тага во клубот од Фиренца кој го загуби својот директор со кој се гордееше.
Инаку токму поради неговата здравствена ситуација не се одигра мечот со Аталанта изминатиот викенд.
Секако дека смрта на Бароне претставува голема загуба за сите во Фиорентина како и за италијанскиот фудбал воопшто.