Ждрепка за ОИ: Спектакл во Париз! Јокиќ и Србија во група со Леброн, Кари, Дурент…

1479

И дефинитивно ќе имаме спектакл на ОИ во Париз на кошаркарскиот турнир. Имено предмалку се одржа ждрепката во трите групи во групата – Ц се паднаа Србија и САД. Тоа значи дека ќе имаме дуел уште во групната фаза меѓу Јокиќ, ако игра,и мега – ѕвездите како Леброн, Кари, Дурент и останатите. Во групата – Ц се и Ј.Судан како и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико.

Во групата – А се селекците на Австралија, Канада како и победниците на турнирите во Грција и Шпанија, а во групата – Б се селекциите на Франција, Германија, Јапонија и победникот од турнирот во Летонија.

ПретходноРетклиф го избра новиот тренер, фановите на Јунајтед во шок!
СледноАнтони до Тен Хаг: Па, имаш ли ти памет? (ВИДЕО)