Славниот аргентински клуб во епицентарот на секс скандал

1122

Четворица фудбалери на славниот аргентински клуб Велез Сарсфилд се под истрага за силување на спортска новинарка во хотелска соба на почетокот на март оваа година. Познати се и имињата на обвинетите, уругвајскиот голман Себастијан Соса, парагвајскиот играч за врска Хозе Флорентин, како и дефанзивецот Брајан Куфре и напаѓачот Абиел Осорио.

Играчите се во притвор почнувајќи од вторникот, додека судијата не одлучи дали тие ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода.

24-годишната спортска новинарска тврди дека Соса ја поканил во хотелска соба во Тукуман, каде што Велез играше против локалниот Атлетико на 2 март. Потоа дека испила неколку пијалоци, и се вртело и легнала на креветот и тогаш била силувана од Соса и другите тројца фудбалери кои исто така биле во собата.
Одбраната на жртвата изјави дека случајот е класифициран како „сексуално насилство со обљуба од две или повеќе лица“.

Голманот Соса ги отфрли обвинувањата на својот Инстаграм профил уште на 8 март, пишувајќи: „Отфрлам какво било насилство. Го почитувам физичкиот и сексуалниот интегритет на секоја личност. Верувам во брза акција на правдата“.

Останатите тројца осомничени фудбалери не ја коментираа ситуацијата.

Во меѓувреме, Велез одлучи да ги суспендира договорите на сите четворица играчи: „Клубот ја изразува својата длабока загриженост за пријавените настани, кои јасно се во спротивност со принципите и вредностите на нашата институција.“.

Треба да се напомене дека Велез е еден од најуспешните фудбалски клубови во Аргентина. Има освоено 10 шампионски титули, последната во 2013 година со Соса на голот.

ПретходноУ18 селекцијата поразена од Молдавија на Анталија купот
СледноХорор сезона за стоперот на Њукасл: Ќе паузира од шест до девет месеци