И дефинитивно пропадна планот на селекторот на Франција, Винсент Колет за претстојниот кошаркарски турнир на ОИ во Париз. Имено тој, барем според пишувањата на медиумитем, планирал во стартната петорка да стави тројца кошаркари кои се повисоки од 210 см. Тоа се Виктор Вембањама (224 см), потоа Руди Гобер (216) и Џоел Ембид (213).
Токму овој последниот го расипал планот. Имено познато е дека Ембид ќе игра во Париз, но не како член на Франција туку како кошаркар на САД.
Јасно е дека и без него Франција ќе има одлична екипа, но сепак Ембид е нешто посебно.
Па така сега Колет ќе мора да прави нови планови.