Јакимовски и Вашингтон во втората рунда од плеј-офот во НЦАА-лигата

253

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра нов одличен меч во дресот на Вашингтон Стејт. Тој беше инцијаторот на пресврт победата на својот тим на стартот на плеј-офот во НЦАА лигата.

Вашингтон го победи Универзитетот Дрејк со 66-61 (33-29) и се пласираше во втората фаза на НЦАА турнирот. Таму тимот на македонскиот репрезентативец ќе игра против Ајова стејт.

Јакимовски беше најдобар во моментите кога се кршеше резултатот. Тој постигна девет поени (2/7 од игра, 3/6 од слободни фрлања), шест скока и една блокада.

ПретходноЦапар ги „збуни“ сите – се брои победа, гол, бодови…
СледноСелекторот на Словенија по ждрепката: Не смееме да ги отпишеме Македонците!